Заев го таксал Гоце Делчев: И јас сакам целосно да се реализира договорот со Бугарија – ние имаме заедничка историја

Зоран Заев најавува дека доколку победи на предвремените парламентарни избори во целост ќе го реализира Договорот со Бугарија. Тој ова го истакна во своето интервју за „ТВ Стар“, посочувајќи дека дел од нашата историја е заедничка со Бугарија, објавува Инфомакс.

– Нормално е Бугарија да сака договорот да биде реализиран, сакаме и ние да биде договорот реализиран и отворено кажуваме ние во тој договор прифативме заедничка историја. Што е факт. Дел од нашата историја е заедничка, дел од нашата историја е наша посебна.

Според него македонскиот револуционер Гоце Делчев бил и на Бугарија и на Македонија.

Бугарија сега од Македонија бара да се откаже од Гоце Делчев, а во македонските историски читанки да пишува дека тој бил Бугарин за нашата држава да стане дел од Европската Унија. Покрај откажување од историјата, соседна Бугарија бара од нас да се откажеме и од македонскиот јазик, кој според бугарските лингвисти е северно македонско-бугарски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.