Заев: Груевски беше слободен човек, излегол од својот дом, a Oбвинителството не утврди вина кај никој за бегството

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на ТВ 24 рече дека никој не одговарал за бегството на Никола Груевски, бидејќи за никој не била утврдена вина.

 -Обвинителството имаше соопштение во кое кажа дека истрагата не потврдува докази за одредена вина за одредени ситуации. И тие тоа го потврдија. Не можете на слободен човек да му ја ограничите слободата со репресивни мерки за да оневозможите да бега. Секој граѓанин за нас е еднаков за нас. Тогаш сме можеле незаконски да го следиме, да го прислушуваме. Ако значи дека треба да поставиме војска на секој метар… Ако ЈО некаде покажеше и докажеше вина за бегството, јас ќе преземев мерки, ќе разрешев кој и да треба. Ако имало некој што е виновен и тоа е утврдено, немам причина да го штедам. Но никој ниту од обвинителството, ниту од никаде не покажа вина. Груевски беше слободен човек во тој момент, излегол од својот дом, излегол на автопатиштата и ја поминал границата преку Албанија, рече Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.