Во Собранието попладнево се одржува состанок на лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, јави ТВ 24
Прв на средбата се појавил лидерот на СДСМ, кој одбил да даде изјава пред средбата.
Ахмети го оставил Заев да почека 15 минути, по што дошол на средбата во Парламентот која почнала нешто по 16 часот. На прашањето за коментар за ставот на Заев дека Ахмети му врши притисок премиер Албанец со поканата кон албанските лидери за средба, тој кратко одговори:
– Нема притисок.
Ахмети изјави дека ќе формираат мнозинство за формирање на Влада.