Заев и Ахмети се договорија за влада

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, АЛи Ахмети постигнале договор за коалицирање, изјавија двајцата лидери по денешната средба.

Според Заев, тој ќе биде мандатар во четиригодишниот мандат на владата, a договореното ќе треба да биде потврдено од највисоките партиски тела.

Заев не конкретизираше кои министерски места ги добиле од ДУИ, но рече дека се договориле да се укине Пржинската влада и промени на изборниот модел веќе за локалните избори.

Заев му се заблагодари на му Ахмети, за како што рече„големината и мудроста која ја покажа во преговорите со цел подобра иднина на земјата и граѓаните“.