Заев и Касами на средба, ќе си пружат ли рака за коалиција?

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами денеска попладне на лидерска средба. Двајцата лидери, според информации од партиите, разговараат за евентуален заеднички настап на предвремените избори закажани за 12-ти април.

СДСМ и БЕСА во моментов  не откриваат повеќе детали, но неофицијално двајцата лидери начелно договориле предизборна соработка.

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, вели дека партиските тела работат на формирање на голема коалиција за победа.

„Разговараме со партии со ткн. албански предзнак, но и на Србите, Роми, Власи и Бошњаци. Ќе објавиме коалиција кога ќе ги имаме сите детали. Очигледно е дека ќе има голема победничка коалиција. За нас е важно СДСМ која има јасен концепт и визија за евроинтергација, економски развој и подобрување на животен стандард, да создаде коалција која верува во овие принципи“, нагласи Спасовски,

Работни групи од двете партии во изминативе денови интензивно разговараа околу основите и принципите на изборната соработка и компатибилноста на изборните програми со кои ќе би настапиле во битката за гласовите на граѓаните.