Заев и Касами разговарале за реформскиот пакет закони во Собранието

652

Во Владата попладнето во вторникот заврши средбата меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Движењето БЕСА, Биљал Касами, наведува МИА повикувајќи се на владини извори кои изјавиле дека на средбата се разговарало за поддршка на реформскиот пакет закони во Собранието.

Претходно во вторникот Касами изјави дека средбата нема поврзаност со последните случувања со расколот во БЕСА, и дека таа била договорена уште претходната седмица.

Тема на средбата, посочи дека се реформите и поддршка на реформскиот тек на Владата во Собранието, каде Движењето Беса има пет пратеници.

Прашан дали е можна коалиција со Владата, рече дека тоа е динамички процес и дека секогаш има можност за влез и излез, но во моментот тоа не е тема.

Skin Delight