Заев и Кривокапиќ ветуваат интензивирање на соработката меѓу Скопје и Подгорица

Македонскиот премиер Зоран Заев ја заврши во саботата во австриската престолнина Виена работната агенда на самитот посветен на регионот на западен Балкан со билатерална средба со црногорскиот колега Здравко Кривокапиќ.

Двајцата премиери, како што соопшти владината прес-служба, ги потенцираа извонредното пријателство меѓу двете земји и подготвеноста за безрезервна меѓусебна поддршка на сите полиња кои се од интерес на народите во двете земји.

Заев и Кривокапиќ изразиле заложби за „искористување на сите можности“ за интензивирање на економската соработка и за олеснување на регионалната мобилност на граѓаните, услугите и стоките.

На средбата било разговарање и за размена на искуствата во секторските области од работата на Владите и институциите со цел обезбедување најбрзи и најефикасни услуги за граѓаните, стои во соопштението