Заев и Рама на ифтарска вечера кај босанскиот премиер Звиздиќ

56

Премиерот Зоран Заев присуствуваше на ифтарска вечера кај претседавачот на Советот на министри на БиХ, на која беше и албанскиот премиер Еди Рама.

Заев на својот Фејсбук профил напиша дека на покана на Звиздиќ бил на ифтарска вечера во Сараево, заедно со Еди Рама.

– Деновите на рамазански пости се потсетник дека милосрдието, почитта, солидарноста, добрината, љубовта и простувањето се вредности кои треба да ги почитуваме и кои нѐ обединуваат како народи, напиша Заев на Фејсбук.

Во Сараево денеска се одржува состанок на лидерите на Западен Балкан, во рамки на Генералното собрание на гувернери на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.