Заев и СДСМ не гледаат потреба од лидерска средба за односите со Бугарија

Премиерот Зоран Заев не сака лидерска средба за уцените од Бугарија откако тоа го побара во саботата лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, а истовремено и владејачкиот СДСМ го потврди ставот на својот лидер дека „не гледа потреба“ од средба на челниците на највлијателните партии во земјата во врска со ова прашање

„Не гледам потреба од лидерска средба. Особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање“!

Вели дека македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност се меѓународно потврдени и признаени од целиот свет.

„Со нашиот сосед, Бугарија, имаме Договор за соработка и добрососедство, кој патем е потпишан и на македонски јазик. Очекуваме во духот на овој Договор, да продолжиме заеднички да ги градиме односите.

За темите кои произлегуваат од Договорот изразуваме волја да ги решаваме преку работата на комисиите кои имаат надлежност за тоа. Мицкоски не е за договор на било која тема, тој бара начин само како да наштети на државата, особено на процесите кои не водат кон ЕУ“, додава Заев за ТВ21.

„Не гледаме потреба од лидерска средба, особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање, изјави во неделата портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, во одговор на новинарско прашање.

„Македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност се меѓународно потврдени и признаени од целиот свет. Со нашиот сосед, Бугарија, имаме Договор за соработка и добрососедство, кој патем е потпишан и на македонски јазик. Очекуваме во духот на овој Договор, да продолжиме заеднички да ги градиме односите. За темите кои произлегуваат од Договорот изразуваме волја да ги решаваме преку работата на комисиите кои имаат надлежност за тоа”, изјави портпаролката на владејачката партија.