Заев и СДСМ со ширење лажни вести дојдоа и сакаат да останат на власт

Премиерот Зоран Заев и влдејачката СДСМ шират лажни вести, откако не успеаја да добијат датум за отпочнување на преговорите за членство во Европската унија и уништија децениски стара препорака ја манипулираат јавноста со речник и зборови кои воопшто не се кажани од претседателот Христијан Мицкоски, реагираат во петокот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев и СДСМ прво ветија, па не остварија добивање на датум за почеток на преговори со ЕУ. Зоран Заев и СДСМ ветија и не остварија 600 километри нов автопат. Зоран Заев и СДСМ ветија и не остварија 500 евра плата. Зоран Заев и СДСМ ветија и не остварија економски раст од 5 отсто. Зоран Заев свесно ја лажеше јавноста, порачуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Зоран Заев ширеше лажни вести само за да дојде на власт.

Лажни вести беа и ветувањето дека ќе го продаде владиниот мерцедес и ќе купи болнички возила со парите од продажбата, како и фамозниот бројчаник кој  откуцувал до 5 милијарди. За сега 5 милијарди да откуца долгот на државата. Зоран Заев и СДСМ лажеа во минатото лажат и сега, велат од партијата.