Заев и Шекеринска на рапорт во Брисел

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев и неговата заменичка Радмила Шекеринска се повикани на рапорт во Брисел, пренесува порталот „Курир“.

Според дипломатски извори, се очекува деновиве Заев и Шекеринска да остварат средби со фунционери од Советот на Европската унија и Европскиот парламент, на кои ќе се разговара најмногу на две теми.

Првата е наметнатиот проблем за името од страна на Грција, на која според добро информирани извори Брисел ќе побара СДСМ да продолжи да прави притисоци на најразличен вид за името, како што веќе ветувала Радмила Шекеринска уште во времето кога Бранко Црвенковски беше шеф на државата.

Исто така, се очекува социјалдемократите во Брисел да дадат рапорт и за Изборниот законик, односно ќе биде побарано СДСМ да не поставува нерационални барања за да си создава алиби, бидејќи според констатацијата на европјаните, тоа не поминува ниту во Брисел, ни меѓу граѓаните на Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.