Заев и Вучиќ ќе се сретнат на Табановце

Денеска  кај граничниот премин Табановце треба да се сретнат македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ. Средбата е најавена кога Белград и Приштина го актуелизираат прашањето за границата. Македонија е заинтересирана да нема излевање на било каков конфликт или непријателство:

Средбата Заев-Вучиќ на граничниот премин Табановце-Прешево според најавите се однесува на примена на проектот за заедничко гранично управување – One Stop Shop, но се очекува да се разговара и за посериозни теми.

Заев кон крајот на минатата година беше во официјална посета на Белград, која следуваше откако Србија го повика целиот персонал во амбасадата во Скопје на итни консултации, поради, како што тогаш објасни Вучиќ, разузнавачко дејствување против Србија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.