Заев: Идеите и вредностите на Крушевскиот манифест се наша реалност

47

Лидерот на СДСМ упати честитка по повод Деенот на Републиката. Во неа тој укажува дека на 2 Август се оддава почит кон херојско минато и кон славните претци кои ги поведоа граѓаните кон слобода, независност и единство и ги поставија темелите на современата, независна и суверена македонска држава, признаена од целиот свет.

„Борбата за слобода на македонскиот народ и на сите граѓани кои живеат во нашата земја постојано носеше победи со кои заеднички го трасиравме патот напред. Илинден е голем светилник што го покажува правецот кон сигурната иднина, Илинден е победа за сите кои движат напред. Денес живееме во држава втемелена на Крушевскиот манифест и Манифестот на АСНОМ. Идеите и вредностите запишани во овие безвременски документи од нашата историја денеска се наша реалност“, пишува Заев во честитката.

Истакнува дека „сте граѓани се должни да продолжат да се водат од ликот и делата на илинденците и учесниците во народно-ослободителната борба и со чест и обврска ги реализираат нивните идеали.

„Заедно со вас, почитувани граѓани, продолжуваме да ја градиме Северна Македонија како слободна, демократска и заедничка држава, земја пријател на регионот и светот. Горди на славното минато, уште порешително чекориме кон светлата иднина – Северна Македонија почитувана држава, полноправна членка на НАТО и проговорач со ЕУ.
Нека ни е честит и вековит 2 Август – Денот на Републиката!“, се вели во честитката од претседателот на СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.