Заев: Имам информација кога ќе стигнат 3.000 дози вакцини, ама како да кажам, ако не стигнат?

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека во недела ќе стигнат 3.000 дози вакцини и дека е пристигнат одговор од Ковакс системот, и првите дози ќе бидат испорачани во крајот на март.

Сепак, рече тој, не е сигурен дали ќе стигнат.

– Ние секој ден очекуваме конкретна информација кога ќе стигнат, јас сега имам информација кога ќе стигнат првите 3.000, ама како да кажам, ако не стигнат? Во недела ги очекуваме 3.000 вакцини, преку ДХЛ да стигнат. Министерот заедно со амбасадорот ќе ги пречекаат -рече Заев.

Тој додаде дека според информацијата од Министерствот за здравство, првите вакцини од  „Фајзер“ се очекуваат на крајот на месецов.

– Министерството за здравство вчера објави дека 21.000 дози од „Фајзер“ се потврдени до крајот на месецот. А фала богу стигна и информацијата од Ковакс до крајот на март да стигнат првите количини, веројатно и тие се меѓу 20.000-30.000 вакцини – рече  Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.