Заев избега на скијање, ДУИ ја направи Македонија двојазична

И додека радосно се ракоплескаше на почетокот на новот поглавје во кое влегува Македонија, премиерот Зоран Заев, намерно или не, не е присутен во земјава во негов стил да се обрати до аудиториумот со зборовите „Ај, нека ни е со среќа“.

На шверцерски начин, со кршење на Устав и процедури, како што почна, власта и ја заврши работата со воведувањето на втор службен јазик во Македонија.

Вака јавноста деновиве го коментира не толку изненадувачкиот момент на протуркување на Законот за јазици, кој предизвика многу контроверзии и реакции, пред се’, кај Македонците, кои стравуват дека станува збор за процес кој директно ги нарушува суверенитетот и унитарноста на земјава.

И, арогантноста да биде што поголема, Законот кој наместо претесдателот Ѓорге Иванов го потпиша собранискиот спикер Талат Џафери, кој успехот гордо го најави доцна во понеделниот и како горд гласник, пораката ја сподели со своите пријатели и поддржувачи на „Фејсбук“. Но, и некако многу „случајно“, вицепремиерот Бујар Османи, речиси синхронизирано, новата вест, радосно ја обзнани и на ноќното интервју во една македонска телевизија каде што гостуваше.

И додека радосно се ракоплескаше на почетокот на новот поглавје во кое влегува Македонија, премиерот Зоран Заев, намерно или не, не е присутен во земјава во негов стил да се обрати до аудиториумот со зборовите „Ај, нека ни е со среќа“. По новото име, редно беше и нов службен јазик. Некако логично доаѓа со развојот на настаните и очекувањата на тврдокорните поддржувачи на оваа власт.

Сега логично се наметнува еден заклучок – Законот за јазици кој потекна од т.н. Тиранска платформа, како барање на албанските партии во Македонија, а под покровителство на албанскиот претстедател Еди Рама, го истурка ДУИ, додека СДСМ беше само немо гласачко тело, условено или не, самите тие знаат.

Законот се донесе по скратена постапка, со европско знаменце, како дел од националната законска стратегија за интеграција во ЕУ. За него се расправаше и гласаше во Комисијата за европски прашања, со која претседава Артан Груби од ДУИ. Иако, и експертската јавност, меѓу другото ја оспоруваше и надлежноста на Комисијата, бидејќи не постои европски акт според кој го усогласуваме нашето законодавство, за овој закон да се носи под европски предзнак. Но, безусловната поддршка на СДСМ за ДУИ, не се намали и поради гласниот фактот дека во ниту еден извештај од ЕУ двојазичноста не е критериум за членство на Македонија.

Така, СДСМ од страна му даде простор на ДУИ да ја турка работата до крајот, заменарувајќи ја потребата од поширока јавна дебата, бидејќи овој Закон излегува од рамката на Рамковниот договор и бара нови уставни измени.

Со тивката поддршка, како што почна, СДСМ, однсоно премиерот Зоран Заев, ја дочека и веста за двојазичноста, далеку од гневот на граѓаните засегнати од оваа проблематика, на релаксирачко скијање во Германија. Секако, на премиерот не треба да му се замери отсуството од хаосот што го остава зад себе, бидејќи тој е љубител на скијање и екстремни спортови, авантурист во душа… Тука што се случува, за него можеби и не е важно, или договорил така да биде, а тој да се скрие?

Оттука, многу едноставно, кој би можел да му забележи за оваа авантура низ која ги носи граѓаните на Македонија, во која допрва треба да излезе од кома и така со нов идентитет да се приклучи кон ветената европска иднина?