Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска на прес конференција порача дека изборите ќе се оддржат на 5 јули и дека отстапка за овој датум нема. Како што рече Заев бујрм на 5 јули на избори.
– Изборите ќе се одржат на 5 јули, 22 дена по завршувањето на вонредната состојба. Изборите повеќе за мене не се тема – рече Заев на новинарско прашање дали и покрај новозаразените останува на ставот за брзи избори.
На прашањето дали деновиве има формална или неформална комуникација со Мицкоски и дали евентуално би имало нова лидерска средба, Заев потврди дека имало канал на комуникација и дека тој постоел се до прогласувањето на четвртата вонредна состојба.
– За жал не постигнавме договор. Едно е јасно не постои никаков уставен и законски момент за да го свикаме Собранието. Изборите ќе бидат на 5 јули, ова е последната отстапка.Бујрум на 5 јули на избори. Вирусот слабее но е присутен насекаде, има асимптоматични случаи. Сите денешни бројки се од времето кога имаше полициски час. Рефлелксијата на заразата е ослабена може заради времето или други околности. Ова ќе трае и на 5 јули, 5 август и на 5 септември и на 5 октомври. Не може државата да ја оставиме без парламент. 5 Јули е денот на изборите. Имаме време и сите знаат дека ова ќе бидат специфични услови за кампања тоа е нашата нова реалност. Здраво за државата е вососптавување на пралмент – рече Заев.
На прес конференција, Заев потврди декаа Сања Лукаревска и Мухамед Зекири се позитивни на коронавирусот.
Тој рече дека во само изолација се и Дамјан Манчевски, Мила Царовска, Маријан Забрчанац и Славјанка Петровска кои имале контакти со заболените.
-Утринава беше тестиран и премиерот Оливер Спасовски и се чекаат резултати кои јавно ќе бидат објавени штом бидат готови, а какви и да бидат одлуките и препораките на експертите тие ќе бидат почитувани- рече Заев.
Заев потенцираше дека во СДСМ се почитуваат сите протоколи за заштита од коронавирусот.