Заев ja прими втората доза на вакцината „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев денеска ја прими втората доза на вакцината „Синофарм“ на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“, соопшти Владата.

Оттаму велат дека премиерот се чувствува одлично и ќе го продолжи работниот ден согласно неговата агенда.

Премиерот Заев ги повикува сите граѓани кои досега не се регистрирале на порталот vakcinacija.mk тоа да го сторат што побргу со цел да постигнеме колективен имунитет и да прогласиме победа врз пандемијата предизвикана од ковид-19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.