Заев и СДСМ упорно ја туркаат Македонија во агонија – бегаат од избори

Заев отишол дотаму што почнал да поставува и нови услови само за да ги избегне изборите. Лидерот на СДСМ измислувал и тотално нелогични изговори зошто не би можеле да се одржат избори. На тоа присутните почнале да му се смеат и да се шегуваат, а странците остро коментирале, свесни дека лидерот на СДСМ е нестабилна личност.

Сите се свесни за сериозноста на опструкциите кои ги прави лидерот на СДСМ, бидејќи знаат дека неговото однесување и избегнувањето на изборите како клучен дел од договорот ја враќаат Македонија назад и практично значат поништување на се’ што е постигнато.

Дел од медиумите веќе објавија дека еврокомесарот Јоханес Хан бил наклонет изборите да се одржат во договорениот термин, односно на 24-ти април. На состанокот покрај четворицата лидери Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, присутни се и американскиот амбасадор Џес Бејли и преговарачот делегиран од ЕУ Питер Ванхауте.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.