Заев: Југохром повторно ќе работи со цел капацитет, по еколошки стандарди

Во вторник, на 10ти октомври, во Владата на Република Македонија ќе се потпише договор помеѓу Владата, сопственикот и синдикатот на вработените за изградба на филтрите во Југохром, на задоволство на сите, на задоволство на вработените, на задоволство на еколошките друштва, на задоволство на газдата. Душата му ја извадиле од рекет на газдата, овие бандитите пред нас по 200, по 300 илјади евра, вети премеирот и лидер на СДС, Зоран Заев на митингот во Јегуновце откако петходно престојуваше на средби со граѓаните и претставување на кандидатите од неговата партија во Тетово и регионот

„Почнуваме со изградба на филтрите, сите работници ќе се вратат на работа, наша цел е март, април да стартува комплетно Југохром со фул капацитет. Сакам вечерва овде да испорачам ветувања, како моја поддршка и поддршка на Владата и мнозинството во Парламентот, за идните проекти во општина Јегуновце. Ќе работиме со новата локална власт во Јегуновце, да го обновиме секој дел на регионални патишта, и тоа од Јегуновце до Желино, 17 километри, од Лешок до Шемшово, 5 километри, и од Пршовце до Јегуновце, 5 километри. Ќе изградиме и локални патишта на релација Туденце – Сиричино и од мотел „Вратница“ до Беловчиште. Тоа е мојот збор, а зборот е збор. Денеска патриоти се тие што ќе обезбедат достоинствен живот на своите граѓани дома, тука во Македонија. Ве повикувам, почитувани граѓани, драги мои пријатели, да гласаме за број 19, за Дарко Блажевски, за број 19, за советничката листа предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Да гласаме за живот во Јегуновце за сите подеднакво. За живот во Македонија за сите“, порача Заев.

Се надминуваат проблемите, следува доградба на гимназијата во Тетово и ново основно училиште во Мала Речица, порача претходно Заев на митингот во Тетово.

„Денеска сме во Тетово каде што е отворена дебата околу недостигот на капацитети во училиштата, особено во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ која е многу важна гимназија во градот, но има проблем со недоволно простор. Се работи за не толку сериозен зафат за доградба на училишната зграда и убеден сум дека во соработка помеѓу локалната и централната власт проблемот наскоро ќе се надмине, оваа гимназија ќе добие надградба и доградба на објектот.“ порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, во изјава за медиуми по денешната посета на Тетово.

Заев истакна дека освен решавање на проблемот со гимназијата и повторна интеграција на учениците во Тетово се работи и на проект за ново основно училиште во Мала Речица, бидејќи околу 1.000 ученици се приморани секојдневно да патуваат надвор од своето село за да посетуваат настава затоа што во селото нема основно училиште.

„Проектот за ново основно училиште во Мала речица е подготвен, има одобрение за градба и тоа училиште ќе биде дел во Буџетот за 2018 година во делот на капиталните инвестиции кои се во надлежност на државата и уверен сум дека наскоро и Мала Речица ќе добие основно училиште“ порача претседателот на СДСМ.

Заев порача дека покрај инвестициите во обазованието, продолжуваат и капиталните прокети што се започнати и важни за граѓаните на Тетово, а особено важно е тоа што сите непродуктивни трошоци што биле наменети за нешто што не е од значење за граѓаните, сега се префрлаат во капитални инвестиции како училишта, градинки, патишта и водоводи со што се подобруваат условите за живот на сите граѓани.