Премиерот Зоран Заев принеговото вечерашно гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија откри дека Македонија ќе прими над 1.800 бегалци од Авганистан.
„Нашите капацитети се во илијадници, односно 1.200, 1.800 луѓе, Албанија помеѓу 2.000 до 3000 луѓе. Ние сме со потврдени 450 луѓе, а во овие моменти додека разговараме потврдуваме нови 70 лица исто така миротворци и хуманитарци“, истакна вечерва Заев.
Иако претходно се рицитираше со некоја бројка од 200 лица, па властите ја зголемија на 400 и повеќе, вечерва премиерот на државата откри дека во Македонија ќе бидат примени повеќе од 1.800 бегалци.