Заев ќе биде и премиер и министер за финансии

Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, најави дека ќе достави предлог до Собранието за избор на Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.

Должноста министер за финансии ќе ја преземе лично тој, посочувајќи дека ќе ја извршува функцијата во определен период заедно со функцијата претседател на Владата.

Предлогот денеска ќе биде доставен до Собранието и верувам дека следната недела ќе биде ставен на дневен ред. Ќе доставам предлог за избор на министри во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. Министер за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Министер за култура Хусни Исмаили, Министер за локална самоуправа Горан Милевски. Министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки.

Од Собранието потврдија дека Заев го доставил предлогот за реконструкција на Владата. Според предлогот, министерот за финансии Драган Тевдовски ќе биде сменет, а неговата функција ќе ја извршува премеирот. Сменет е и министерот за локална самоуправа Схејл Фазлиу е сменет и на негово место седнува Горан Милевски, лидер на ЛДП и досегашен пратеник, а на местото на досегашниот министер за екологија Садула Дураку, треба да биде именуван Насер Нуредини. Советникот на поранешниот министер за земјоделие Љупчо Николовски ,Трајан Димковски, ќе биде министер за земјоделие.

По реконструкција на Владата, премиерот најави дека ќе следуваат и промени во вториот и во третиот ешалон, со кој треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.