Заев: Ќе има живот за сите и во Шуто Оризари, заедништвото е нашата предност

230

Се покажа, цела Македонија е за живот за сите, за промени и на локално ниво, освен на централно ниво и ќе има промени и во општина Шуто Оризари, рече премиерот Зоран Заев кој како претседателот на СДСМ, учествуваше синоќешната средба со граѓаните на Шуто Оризари во кампањата за вториот круг за избор на градоначалник во оваа скопска општина.

„Заедништното и единството се нашата предност и нашето богатство и тоа мора да го негуваме. Не сме само Македонци и Роми, вечерва го потпишавме и договорот со ДУИ кои ќе го поддржат нашиот кандидат за градоначалник, Курто Дудуш, со што победата овде во Шуто Оризари е извесна. Не само поради ова, туку и поради тоа што се охрабрија и граѓаните кои трпеа притисоци и гледаат дека повеќе нема потреба тоа да го прават, рече Заев.

Порача дека обврска е грижата за сите граѓани.

„Не може да се истураат милиони евра во градот Скопје, а овде да нема вода за децата, светилка да нема“, рече Заев

Претседателот на СДСМ, Заев најави дека граѓаните на Шуто Оризари ќе имаат за децата градинка каква што заслужуваат, а дека ќе се подобрат условите за работа на Пазарот во општината. “Да се грижиме за младите луѓе и да овозможиме на младите луѓе да живеат и работат овде“, повика претседателот на СДСМ, Заев.

„Општината им служи еднакво на сите граѓани, ќе биде отворена за сите и ќе биде сервис за сите“, најави Заев.

“Да дадеме поддршка на единството, сплотеноста, и овде во Шуто Оризари мора да има живот за сите“, порача меѓу другото, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на средбата со граѓаните синоќа во скопската општна Шуто Оризари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.