Заев – Курц: Имаме заедничка обврска да ја обезбедиме европската иднина на западен Балкан

Македонскиот премиер Македонија Зоран Заев, придружуван од вицеприерот за европски прашања Никола Димитров во Виена во саботата имаа билатерална средба со австрискиот канцелар, кој претходно беше домаќин на самитот за западен Балкан во Виена, Себастијан Курц.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев упати благодарност за огромната поддршка на Австрија за Македонија и за европската иднина на целиот регион и го охрабри канцеларот Курц да продолжи со извонредниот и посебен ангажман со што ги мотивира граѓаните на земјите кандидатки да останат фокусирани на европските цели и во исто време ги поттикнува и потсетува земјите членки да ги исполнат своите ветувања кон земјите од западен Балкан.

„Крајно време е Северна Македонија да ги започне преговорите со ЕУ и да ја интензивира сопствената и регионалната европеизација преку отворањето на поглавјата низ преговорите, е една од заедничките констатации од разговорот“, се наведува во соопштението на Владата

Заев и Курц на средбата изразиле задоволство од видливиот раст на австриските инвестиции во Македонија и од големиот интерес за нови економски соработки и проекти во областите обновливи извори на енергија, инфраструктура и здравство.