Со протестите што се организираат пред домовите на пратеницте се вршат неколку кривични дела, а јас лично ќе ги заштитам нивните деца, врз кои демонстрантите сеат страв и терор, рече премиерот Зоран Заев.
Тој одговарајќи на новинарски прашања пред Кривичниот суд каде му се судеше за предметот „Поткуп“ рече дека случувањата последниве денови предизвикале внатрешна реакција кај него,која сакал да ја сподели со јавноста.
-Протестите се уставно право, дозволиво е протесирање на граѓаните и тоа е нешто што треба да се ползува. Сепак, она што се прави пред домовите и пред дечињата на пратениците, пред членовите на нивните семејста и родители е апсолутно недозволиво. Тоа е кршење на приватноста на домот, се упатуваат директни закани, омаловаживање и целосно сеење страв и трепет кај дечињата. Јас лично ќе ги заштитам дечињата на пратениците- рече Заев.
Тој посочи дека МВР ќе преземе соодветни дејства против омаловажувањата и заканите.