Заев: Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври

Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Датумот, според предлогот од работните групи во кој учествуваат сите политички партии е 17-ти, односно, нема промени на датумот кој е утврден во самиот Изборен законик и досега. Имаше дилеми поради трите дена поклопување на пописот со кампањата, но, на крајот се одлучи дека трите дена не менуваат ништо, пописот е активност којашто финишира преку ден, кампањите се водат навечер. Впрочем, пописот секојпат се држел 20 дена, овојпат се определени 30 дена, може навистина да се заврши порано. Има доволно време, нема потреба од какви било промени на датумот за изборите – рече Заев.

Премирот потврди дека прагот за поднесување на независните листи е 2 отсто од вкупниот број избирачи.

– Ако има општината 10.000 избирачи, треба 200 потписи за да се поднесе независна листа. Ако има 50.000 избирачи, треба 1.000 потписи за да се поднесе независна листа – додаде тој.