Заев: Македонскиот народ е бугарски!

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев не запира со своите дејствија и изјави на понижување на Македонија и македонскиот народ. Заев во интервју дадено за бугарската информативна агенција БГНЕС, Македонците ги прогласи за Бугари.

Имено Заев во своето интервју вели: – Ние сме браќа, еден народ, пренесува Курир.

zale
Ова не е првпат Заев да ја витка кичмата на македонецот, Заев уште во 2008 година во интервју за весникот Вест кажа дека „Мора да ја свиткаме кичмата за името“.

Едно од најголемото понижување за Македонците е и прифаќањето на Тиранската платформа и спремноста истата да ја изреализира, со што Македонија ќе ја направи двојазична, ќе ги смени националните симболи: знаме, грб и химна, ќе воведе двојазични униформи на војската и полицијата, двојазични банкноти, но и е сспремен да го прогласи сопствениот народ за геноциден народ.

Ваквата изјава со која Македонците ги прави Бугари ја прелева чашата.

Оттука легитимно е прашањето дали прогласувањето на Македонците за Бугари не е дел од планот на Заев за разнебитување на државата.