Заев: Минималната плата ја зголемуваме на 20.000 денари

21

Имаме капацитет да ја трансформираме економијата. Тоа го докажавме изминатите три години, ќе го докажеме и во следниот период и затоа бараме поддршка од граѓаните во среда –  истакна претседателот Зоран Заев во вечерашното гостување на Канал 5 Телевизија – соопштија од СДСМ.

Заев вечерва најави и дека ќе ги укинат функциите на сите седум министри без ресор, доколку дојдат на  власт.

– 80 проценти од кампањата ни беше посветена на економските теми. Просечната плата ќе биде 34,000 денари за наредните 4 години. Минималната плата ја зголемивме за 60%, од 9,000 на 14,500. Тоа не е доволно, но е базата која е потребна за раст на сите други плати. Во наредниот мандат, ја зголемуваме минималната плата на 20,000 денари. Покажавме и ќе покажеме дека има пари за се во државата само треба да се работи чесно и одговорно – истакна претседателот Зоран Заев на вечерашното интервју на телевизијата Канал 5.

Ова, додаде тој, е препознаено од граѓаните и затоа очекувам дека на 15 јули ќе ја добиеме поддршката од граѓаните и ќе покажеме дека можеме и повеќе и подобро.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.