Заев му се извинил на Тачи за разговорот со руските комичари (ВИДЕО)

Македонскиот премиер Зоран Заев синоќа му телефонирал на косовскиот претседател Хашим Тачи и му се извинил за разговорот со руските комичари на кои им кажува дека постои план за поделба на Косово.

Јас синоќа имав телефонски разговор со Заев, околу 20 минути, тој ме повика за да се разјасни со тоа што тој разговарал со луѓето што го побарале. Јасно ми кажа дека ова е околност каде што тој бил измамен. Наводно дека информацијата за 10-те општини што ќе им бидат дадени на Србија се базирани на гласини и дезинформации, како и на податоците од весникот Спутник и руските гласини. Тој ми се извини мене лично и на Косово и во исто време истакна дека тоа што тој го зборувал со измамниците кои го побарале на телефон, дека нема ниту еден факт, какви било докази или официјални информации за тоа што тој го изјавил, туку се е базирано врз гласини – изјави Тачи.

Прашан какви ќе бидат сега односите со соседна Македонија, Тачи рекол дека тие ќе продолжат да бидат добри.

Односите со Македонија биле и ќе останат коректни, Косово ќе продолжи да ја зајакнува својата евроатланска перспектива, изјавил Тачи, пренесува „Газета Експрес“.