Заев најавува легализација на дрога – марихуаната ќе се конзумира за забава?!

Дали во Македонија марихуаната ќе се конзумира за забава во угостителските објекти!? Премиерот Зоран Заев најавува отворање дебата за легализација на дрога.
Тој во емисијата „Економски магазин“ на Алсат телевизија, во завиена форма, како да најави дека за да го раздвижи угостителството, ќе ја отвори темата за декриминализација на марихуаната.
„Ај да видиме угостителството, зошто кај нас е толку малку учеството на угостителството во БДП, а во европските земји учеството е многу повеќе. Што е тоа што може да привлече. Да ја отвориме дебатата и да видиме, ќе правиме нешто со декриминализација и легализација на марихуана како појдовна основа за зголемување на угостителството“, рече Заев во гостувањето на Алсат телевизија.
Додаде дека ова го нафрла како тема, ние дека тие немале ставов. Ние, појасни Заев, сакаме да го слушниме општеството и да ги пуштиме во оптег сите наши ресусрси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.