Заев најавува прво избор на новите пратеници и потпретседатели на Собранието, a потоа предлогот за новата Влада

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, во изјава на ТВ21 рече дека предлогот за новата Влада ќе биде доставен кога ќе се одберат потпретседателите на Соранието.

„Прво парламентот мора да го утврди бројот на потпретседателите во парламентот и уште некои други одлуки, а исто така треба да го верифицира мандатот на следните пратеници кои доаѓаат од листите. Штом заврши Собранието со сиве овие претходни постапки, веднаш ќе го доставам предлогот за Влада и владината програма до парламентот“, рече Заев.

Притоа одговорил потврдно на прашањето дали станува збор за пратеници кои се следни на листа на пратеници откако некои беа предложени за министри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.