Заев: На изборите во април ќе победиме со разлика од 60.000 до 120.000 илјади гласови

На следните избори јас ќе бидам кандидат за премиер, во последните две години донесовме историски одлуки за нашата држава и немам дилеми дали ќе победиме, истакна премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

-Немем мака, затоа што во вакви околности, со вакви политики, со интегрирана држава, пријател со сите соседи, поддржана од целиот свет, имаме апсолутно сериозно очекување да имаме убава разлика, убава победа на која ќе се радуваме да добиеме цел мандат после две ипол години да добиеме четири години. По победата ќе се посветиме на внатрешните трансформативни процеси кои ќе се случуваат и низ поглавјата, на економските прашања кои што покажаа резултати паралелно кога се одлучуваа големите историски прашања за државата, со целиот политички ризик, по сите кои поддржаа големи политики како членството во НАТО и почетокот на преговорите за Европската унија. Тоа за мене се историски моменти кои историјата ќе ги бележи, истакна Заев.

Премиерот рече дека прифаќа ТВ дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и дека тоа може да го реализираат во секое време и колку пати што е потребно. Според него на следните избори коалицијата предводена од СДСМ ќе победи со разлика од 60.000 до 120.000 гласови.

Во однос на оставка по пораз на изборите, Заев рече дека тоа треба да се бара од Мицкоски, бидејќи СДСМ размислува на победа.