4.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Заев: На Македонија и треба сериозна Антикорупциска комисија која вистински ќе се бори со слабостите на системот,

 Убеден сум дека на Македонија и треба сериозна Антикорупциска комисија која што ќе биде поставена според сите меѓународни практики, ќе биде будното око на следење на извршната власт и сè што има допир со народните пари, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за оставките во оваа комисија.

Додаде дека потребна е таква институција која што ќе биде еден од најголемите коректори на слабостите во системот и севкупната определба за борба против корупцијата.

Ги поздравувам исчекорите, заради тоа што не и е лесно на која било личност или поединец да поднесе оставка заради тоа што била прозвана од јавноста. Ние можеме да ги ослободиме институциите ако бидеме транспарентни, отчетни и ако понесеме одговорност, па макар било тоа и етички, додаде Заев.