Заев: Најниска невработеност, историски раст на БДП

Премиерот Зоран Заев уверува дека економските политики на Владата давале резултати. Според него, инвестициите, вработувањата и повисоки плати го менувале животот на подобро.

„Инвестициите, вработувањата и повисоките плати го менуваат животот на подобро.

Владата продолжува со посветена работа и добри економски политики за подигнување на животниот стандард.

Економијата бележи историски раст на Бруто домашниот производ од 13,1% во вториот квартал.

Просечната нето-плата во државата континуирано расте и истата по вработен, во јуни 2021 година, изнесува 28.744 денари, што е за 7%, односно за 1.877 денари повеќе во однос на јуни минатата година.

Бележиме историски најниско ниво на стапката на невработеност од 15,9% со тенденција таа дополнително да се намали до крајот на годината.

Успешните економски политики даваат резултати!“, напиша Заев