Заев на последни консултации пред владината реконструкција

Премиерот Зоран Заев на последни консултации со коалиционите партнери пред затворањето на списокот за владината реконструкција.

Денеска премиерот во Владата разговарал со претседателот на ДПА, Мендух Тачи. Информацијата за средбата без детали за договренот е објавена на Фејсбук страната на партијата. Заев денеска имал средба и со првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши.

Според неофицијални информации, министерството за култура повторно ќе го води кадар на Алтернатива. Но, не е познато дали министерот на Тачи, Бардуљ Даути ќе го задржи министерското место без ресор задолжен за странски инвестиции.

Инаку, според најавите од Заев се очекува веќе утре до Собранието да биде испратен предлогот со новиот владин состав. По ова, според собраниски извори, седницата на која што пратениците ќе одлучуваат за новата влада најверојатно ќе се одржи во вторник.

Според досегашните неофицијални информации, извесно е влегувањето на Горан Милевски, лидерот на ДПА, во Владата како министер за локална самоуправа. Како компензација, сопартиецот на Милевски, Зоран Шапуриќ ќе се повлече од позицијата министер без ресор. Ова место во новата влада, според неофицијални извори, ќе го преземе кадар на НДП, партијата на Весел Мемеди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.