Заев на средба со албанскиот министер за Европа и надворешни работи ги потврдија евроатланските определби

Mинистерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, придружуван од албанскиот амбасадор во земјава, Фатос Река, на македонсиот премиер, Зоран Заев, му пренесоа честитки за повторното именување на функцијата, како и за изборот на новата Влада.

На средбата заеднички е констатирано дека двете држави немаат отворени прашања и дека тоа отвора пат да се употреби целиот потенцијал од областите значајни за граѓаните, како што се инфраструктурата, енергетиката, економијата со цел подобрување на квалитетот на живот во двете држави.

Во таа насока, Заев и Чекај, разговарале и за можноста за одржување меѓувладина седница.

-Наша цел е европеизација на државата и економски развој. Формиравме стабилна Влада и сме насочени кон зајакнување на капацитетите на системот, посебно низ образованието и владеењето на правото. Имаме големи успеси зад нас, тоа се договорите со Бугарија и со Грција, градиме во државата „Едно општество за сите“, еднакво за сите граѓани и сето ова овозможи во овој мандат да се посветиме на напредок дома, во сите области од полза на секојдневниот живот на граѓаните“, истакна премиерот Заев.

Заклучок од состанокот е дека на регионот му се потребни стабилност и засилен економски развој и дека е во заеднички интерес решавање на сите билатерални прашања низ дијалог со цел евроатлантски перспективи на целиот Западен Балкан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.