11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Заев најверојатно ќе бега од избори, поради страв од одговорност за криминалите

Политичката криза во која западна Македонија по скандалозните случувања поврзани со Специјалното јавно обвинителство и отворање на досега најголемиот коруптивен случај „Рекет“, за којшто во притвор се веќе тројца осомничени, меѓу кои и шефицата на СЈО, Катица Јанеца, сѐ повеќе ја расклатува удобната фотелја на премиерот Зоран Заев.

Засега власта не отстапува од ставот дека е против одржување предвремени парламентарни избори. Од друга страна, опозицијата е сѐ погласна дека вечерва на лидерската средба која ќе се одржи на неутрален терен, во Собранието, на маса ќе го стави и барањето за предвремени избори како излез од актуелната ситуација, но и како услов за одржување на средбата.

Заев изминатиот период во неколку наврати посочуваше цврст став дека актуелната влада треба да го исполни целиот мандат.

„Останувам на ставот дека треба да одиме на редовни избори. Брзи предвремени избори видовме до каде ја донесоа државата заради политички консултации. Ако требаше да се оди на предвремени парламентарни избори, ќе ги распишевме заедно со претседателски избори. Редовни избори треба да има во декември 2020 година, а јас немам проблем да бидат закажани во октомври догодина“, изјави Заев.

Сепак, по избувнувањето на случајот „Рекет“, колку и истрагата во смисла на инволвираност на високи функционери од власта и владејачката партија да се одолговлекува и релативизира, јасно е дека таа силно ја подјаде позицијата на Владата и довербата што СДСМ ја има кај избирачите. Оттаму, многу очекувано е Заев уште еднаш да го ескивира скорешното соочување на гласачките кутии. Може да се претпостави дека премиерот ќе се обиде да „купи време“ и да чека да „слегне прашината“ што ја крена споменатиот корупциски скандал.

Лидерот на опозицијата, пак, во неколку наврати, особено по скандалот со случајот „Рекет“ во кој се шпекулира дека се поврзани високи партиски функционери, а рекетирањето на бизнисмени поврзани со истраги на СЈО било со знаење на Заев, го повика јавно премиерот ако верува во тоа што го зборува, дека анкетите се добри и дека државата „блеска“, тогаш да излезе на избори и да се соочи со граѓаните.

„Нели блескаме, нели анкетите се добри, нели се е како што треба во државата, ајде да видиме дали навистина е така или можеби ова претставува уште еден блеф од страна на господинот Заев и СДСМ, а во насока на меѓупартиските редови кои што во овие моменти според нашите информации трпат голема штета и се сериозно раслоени, изјави Мицкоски за Алфа.

Пред два месеца Мицкоски ја одби поканата од Заев за лидерска средба, со образложение дека не ја гледа потребата да оди на средба на која нема да се разговара за предвремени парламентарни избори.

Овојпат, изгледа, освен договорот за Законот на ЈО кој треба да ја реши судбината на СЈО, „Рекет“ на маса го стави и прашањето за предвремени избори.

Поради скратените рокови Законот за Јавно обвинителство се очекува да биде донесен најдоцна до 15-ти септември. За да биде усвоен потребно е двотретинско мнозинство од пратениците, а неговото носење е клучно и за евроинтеграциите на земјава.