Заев најави чистка во СДСМ, Дац му подари метла

Актерот Драган Спасов Дац на трибината на владејачката СДСМ на коај учествуваа претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, партискиот лидер и премиер Зоран Заев и неговата заменичка и во партијата и во владата Радмила Шекеринска во скопската општина Карпош му подари метла на претседателот на социјалдеморкатите  за чистката што ја најави по вториот круг од претседателските избори.

Заев се заблагодари и рече дека добро ќе му дојде, а Стево Пендаровски праша дали ќе биде доволно само една.

Отворено зборувам, не дека му се заканувам некому. пораката ја примивме во првиот круг. Ова јасно им го кажувам на нашите поддржувачи кои решија да останат дома и кои се незадоволни од нас, од некои наши функционери, на локално или централно ниво. чистка ќе има. И тоа е мојата порака, рече Заев на првата трибина во Карпош по првиот круг од претседателските избори.

Пораката ја испративте, но немојте да ја казнувате државата заради некои наши слабости. Слабости има, но работиме и ќе работиме да ги исправиме. Разбрав, многу наши поддржувачи ми испратија порака „Еј ало, менувај нешто, не ја бива вака“, изјави Зaев.