Заев најми уште еден експерт за мешетарење од Србија

Од петокот во Влада е ангажиран уште еден наводен експерт од Србија со свита од 20 луѓе, а станува збор за специјалниот советник на премиерот Зоран Заев, Зоран Башановиќ, вмешан во низа скандали и афери во соседната земја.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, една од своите први средби како премиер ја имаше со својот специјален советник Зоран Башановиќ, пишува српски Курир. Станува збор за една од најконтроверзните личности во Србија, со не баш убаво минато. Од менаџер на половина српска естрада, преку поранешен кум на српскиот претседател Александар Вучиќ, со кого во меѓувреме ги нарушија односите, до исклучително матна личност во областа на енергетиката.

Српската јавноста на 27 декември 2012 година беше преокупирана со негвоиот случај, кога со заедно сопругата Бојана е уапсен поради крадење долна облека и постелнина во трговски центар во Мајами на Флорида. Двајцата беа пуштени ден подоцна со платени кауции од 1.000 долари.

Неодамна белградскиот портал Информер пишуваше дека пред повеќе од една сопственикот на српскиот портал Курир, Александар Родиќ – Аца, токму преку Башановиќ стапил во блиски контакти со Заев и го презема дневниот весник Слободен печат, „најверојатно со пари од албанските финансиери“ на Заев. Исто така, беше неведено дека не е случајно што Заев токму во белградски Курир го даде интервјуто во кое ја навредуваше српската влада како националистичка. Сега, задачата на Башановиќ е да го „поправи имиџот“ на лидерот на СДСМ во Србија.

Зоран Башановиќ со години работи како естраден менаџер, а кусо време беше член на Главниот одбор на Српската напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ. Но од таму е избакан зашто склучувал милионски договори во сомнителни комбинации повикувајќи се на божемното кумство со лидерот на партијата, Вучиќ.

Во 2013 година пријателот на Башановиќ, споменатиот Александар Обрадовиќ, беше сменет од директорската функција во јавното претпријате Електростопанство на Србија (ЕПС).

Од тој период е аферата во којашто е вмешан новиот „специјален советник“ на Заев, Башановиќ, кога 14.000 дечиња остануваат без новогодишните пакетчња. Тендерот за набавката на пакетчињата од повеќе десетици милиони динари, ја добила фирмата на естрадниот менаџер Зоран Башановиќ, иако за тоа се натпреварувале уште четири фирми, со идентична понуда, а една од нив и се жалела. Затоа раководството на ЕПС, односно Обрадовиќ, понудил да се подели тендерот, што во српската јавност предизвика сомневања дека станува збор за наместен тендер, кој поради тоа пропаднал.