Заев наместо врз Бугарија прави притисок врз историската комисија, смена на членовите е притисок за прифаќање на ново предавство

22

Нетранспарентното менување на членот на историската комисијата со Бугарија од страна на Заев е обид за замолкнување на вистината, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев го замолкнува секој обид за спротивставување кон неговите политики и го деградира сечие мислење и критика насочено кон обелоденување на историските факти. Со отстранување на членот на комисијата,Заев сака да ја претвори оваа историска комисија како и секоја друга институција во државата каде има свои послушници. Наместо да се штити професионализмот и националните интереси, премиерот предавник на својот народ и држава сега повторно ќе ја менува историската стварност во полза на Бугарија, за да си ги задоволи своите сметки и бизниси. Заев безобразно лаже за смената на членот на комисијата кој беше критички настроен, а со тоа прави дополнителен притисок кон останатите членови, за казната која би ја добиле. Целта е јасна да се потпишат и да се согласат сите  членови на се што ќе каже деспотот Заев, за да може да се пазари со идентитетот, велат од партијата.

Од таму додаваат дека повеќе од три месеци Владата молчи за Анексот и за неговата содржина, која претставува нова капитулација за Македонија и одрекување од идентитетските обележја и историските вистини.

– Факт е дека историскиот ревизионизам на власта се спроведува по секоја цена, не бирајќи средства и начини. Секое премолчување и сокривање на вистината како непојавувањето на Димитров во македонското собрание, Заевата рамнодушност и неартикулисаност кон идентитетските прашања и тајните договори со Софија ќе бидат повторно погубни за националните интереси, затоа што очигледно дека пазарот со историјата, политичките калкулации и притисоци се поважни за бизнис, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.