Заев наредува, Спасовски послушно извршува

На денешната владина седница, министерот Дамјан Манчевски најави дека ќе се одлучува дали ќе се прифати предлогот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за кратење на платите во јавниот сектор поради кризата предизвикана од корона вирусот.

Уште кога Заев ја обелодени својата антикризна мерка, сите вработени во јавниот сектот да земат по 14.500 денари плата за април и за мај, предизвика конфузија но и жестоки реакции. Освен што ова негово решение за кризата беше критикувано речиси од сите, освен од актуените владини функционери, во јавноста се постави и дилемата во кое својство Заев најавува мерки за намалување на плати, кога премиер веќе не е?

Но, уште поалармантно е „блиската“ соработка која на секое ниво ги надминува демократските вредност во едно опшествено-политичко опкружување, за кое многупати изминатите години, токму Заев и СДСМ обвинувале дека се случува со поранешната власт. Излегува дека постоело само лажно декларирање за одвојување на партијата од државата, што Заев сега апсолутно го прави.

Од друга страна, влијанието на Заев, кај извршната власт и актуелниот премиер на Македонија, безобразно се изразува преку речиси сите владини активности, па и државни мерки за спас на македонската економија.

Сепак, Заев продолжува во своите медиумски настапи да се наметнува како главна владина фигура која креира и спроведува политики, иако сега нема никаква државна функција. Но, колку и тоа да е надвор од сите рационални и правни постулати, владините функционери и премиерот работат во насока да ги реализираат неговите идеи.

Всушност, владиниот пакет од економски мерки што следува, официјално го најави Заев. А, премиерот, или пак, министерката за финансии ќе ги соопштат веќе официјализираните мерки, веројатно откако денеска Владата ќе даде зелено светло за тоа.

За потсетување Заев најави: „Освен намалени плати во јавниот сектот, за погодените фирми во следните два месеци да се одвојат 120 милиони евра. Со тие пари државата да испати минимални плати од 14 500 денари на сите вработени во приватниот сектор, но придонесите да останат на товар на фирмата. Сите кои останале без работа поради Корона кризата – од државата месечно да добијат 50% од просечната плата која ја земале. Додека оние кои се без работен ангажман по 7 илјади денари. Тој бара на фирмите да им се забрани да одат во стечај, да се замрзне законот за извршување до крајот на јуни…Во пакетот мерки ги вклучува и медиумските работници“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.