Заев не беше ослободен ниту зашто судот се реформирал, ниту зашто немало докази – да не се лажеме!

Зоран Заев се ослободува од обвинение затоа што обвинителот не ги докажал сомневањата, рече судијата Дарко Тодоровски, објавувајќи ја пресудата, чиј тек на процесот претходно го прераскажа од 2015 до денеска со 20-тина рочишта, од кои половина одложени поради отсуство на обвинетиот Заев.

Во овие три години се сменија и судиите и обвинителите во предметот, а отпадна од игра и еден од адвокатите на Заев. Јас пак, како автор на коментаров, бев присутен на речиси сите рочишта (со мало отсуство од едно две, процесно одложени-неважни) па еве накратко, да контрирам на ставот на Заев дека бил ослободен затоа што немало докази и затоа што судот се реформирал.

Да бидам директен, ниту судот се реформирал, ниту пак снема докази во предметот! Тоа што со преквалификација на делото отпаднаа ПИ-мерките е друга приказна, но вербалните докази останаа. Снимката веќе не е доказ, но нејзината содржина, која во најголем дел беше објавена во јавност, не може да фрли поинакво светло дека ослободителната е поради „недокажаност“.

Ставот 2 од кривичното дело „поткуп“ во кој беше преиначено и ублажено обвинението, од примање во барање поткуп, е исто така казниво.

Тоа што на судот не му било јасно, била контрадикторноста на сведокот кој прво зборувал за 3 евра побарано мито за метар квадратен купена земја, а потоа кажал 2 евра, е исто така само судска небулоза, која треба да правел некој лоботомија претходно за да не сфати што зборува сведокот.

Текот на работите за кои зборува сведокот Иван Николов беа многу јасни и со следен редослед: на 8 ноември Заев му се јавува на Николов во 21 часот, го повикува во неговиот градоначалнички кабинет и така почнува муабетот, за да откупи градежно земјиште, поранешна сопственост на веќе непостоечка конзервна фабрика во Струмица, може да го стори тоа по поволна цена од 71 денар за м2, но ако за секој купен квадрат плати уште по 3 евра, едно за Црквата, едно за СДСМ и едно за Заев, а кои треба да ги однесе во менувачницата на Вице Заев. и сето тоа, за само краток рок до крај на тековната година, за отприлика 50-тина дена.

Ниту обвинителството, а уште помалку судот направи напор да провери дали е вистина тврдењето на Николов дека Заев му се јавил и така почнале контактите, откако тој дознал за неговиот интерес за купување на земјиште.

Се понатаму, вклучувајќи го и тврдењето дека не зборувале за пари туку за „цементо“ на струмички е навреда за интелегенцијата на сите кои можеби не зборуваат струмички дијалект, но доволно го познаваат.

Николов тврдеше дека на сите средби одел сам, а ги имало повеќе, а само на една од нив бил и неговиот постар син, инаку другар со Трајче Заев, братучедот на Зоран.

Ни обвинителот, ни судот, а уште помлку адвоктите на Заев побараа да дојде и синот па да посведочи што барал во кабинетот на Заев и дали отишол таму само да си поразговараат за неговото и другарството со Трајче, без никаков повод и причина или наместо пари, да понудат материјал за изградба на црквата.

Заев тврдеше дека во Струмица се гради најголемиот храм на Балканот, на кој тој и неговото семејство се најголеми донатори, а тој барал од сите бизнисмени да донираат средства. Дури и на граѓаните им праќале бланко уплатници за донации со сметките за вода.

Екс струмичкиот градоначалник Заев се гордее што ќе се изградел најголем храм, во секуларна држава, во која градоначалникот директно работи на штета на секуларноста, па нека е општината и со 97 проценти православно население како што вели. Никогаш и никаде сите граѓани не се верници, а посебно па во Струмица каде што е познато дека само во едно село има по 7-8 верски заедници!

Но, самото впуштање на Заев да бара пари во име на Господ, а кои треба да се остават во менувачницата на Вицето, треба да биде основа за негово казнување. тоа што сега го прави Заев, во своие иили во име на МПЦ, бидејќи храмот утре ќе премине во нивна сопственост, не е ништо поразлично што го правеше еден друг премиер со барање пари преку една Фондација, што таму парите ги бараа владиците, додуша иститесо кои сега Заев заедно со крсти.

Но, да го оставиме судијата Дарко Тодоровски, кого го оставија сам во минута до 12 демек да вади врели костени, да ја напише пресудата и да не споменуваме дека сигурно нема да му биде лесно да ја образложи, но, сега барем тоа може да го стори барем формално порастерен од постапката што ја водеше Судски совет за негово разрешување, бидејќи истатта е запрена.

Но, не би било лошо да го искоментираме само тремаџиското читање на текот на претресот во овие 3 години, проследено со директен телевизиски и интернет пренос. Медиумите овој пат не само што добија дозволи за снимање, туку и посебно место во судница за да вршат директен претрес од објавата на пресудата.

А, само кога ќе се сетам дека Заев и неговите адвокати од почетокот не сакаа да бидат снимени во судница, се прашувам од каде вака наглата транспаретност. Значи, некој морал да знае дека ќе биде ослободителна и сето тоа медиумски да го поткрепи.

А, замислете, макар и само фигуративно замислете да беше осудителна? Каква можеше да биде реакцијата на премиерот, кој ја слуша пресудата а цела држава гледа директен пренос.

Јас се сеќавам на едно такво судење на сегашниот владин партнер на Заев, Амди Бајрам, кој, кога ја слушна пресудата за 6,5 години затвор во штипскиот суд, толку силно се удри по глава, што мене, мислам дека уште би ме болела глава, а не саиот Амди. тогаш, во судница бев само јас новинар со камерата на „Сител“. Тогаш снимателот Душан Кардалески направи таква снимка за која се испотепаа да ја позајмат сите можни телевизии. Затоа, чудна е моќта на камерата во судница, никогаш не знаеш што може да се случи.

Но, за да нема изненадувања, СВЕДОК во март ја прогнозираше одлуката и улогата на судиите во тоа и барем засега се се потврди, а маневарот со судијата поединец наместо овет во последен момент не менува ништо во „уметничкиот дојам“!

Од тука, слободно ќе заклучам дека во судот не се сменило ништо. тоа што наместо Дијана Груевска сега беше Добрила Кацарска или Дарко Тодоровски, а наместо обвинителот Влатко Милошевски, Валентина Бислимовска е доказ дека судиите им се омилени на политичарите само додека се на власт, зашто се сигурни дека ќе носат одлуки во нивна корист, како верни слуги кон Дворот.

Се сеќавате како се жалеше Заев од судот, како бараше милиони начини и измислуваше средби со божемни дипломати само за 2 години да не иде на судење. За сега, откако почна да го води Советот за реформи на судството да не можеш да го избркаш од судот. Таму почна да држи целочасовни пресконференции на кои одговара за се живо во државава.

Не за друго, тоа сигурно го прави за да бидат „покредибилитетни“ изјавите! Кој не би поверувал на премиер кога дава изјава, а зад него гордо стои „Палата на правдата“, таа истата од која се уште не е симната шарената боја од Револуцијата на која одекнуваше слоганот „Нема прада – нема мир“.

Сега, слушате и Груевски дека ја повторува прогнозата на СВЕДОК дека Заев ќе биде ослободен, а тој осуден, што барем за нас ниту е ново, ниту невообичаено во македонски услови, туку само една веќе видена ситуација.

Од тука, трдењето на Заев дека судството се реформирало и не е како во времето на Грууевски, ќе биде толку разочарувачки за сите граѓани, кои надевајќи се дека се Заев, ќре очекуваат „правда за сите“. Но, кога нема да ја добијат, ќе сфатат дека не се „премиер на држава“, ниту дека од нив зависи изборот, напредувањето и разрешувањето на судиите.

Се смени само, што вели една моја пријателка, адресата од која сега доаѓа Заев. А со тоа, нели, и розевата перцепција. додека доаѓаше на судење од екс Бихаќка, судот не чинеше. ама, откако се пресели на Илинденска и тој само што не побара канцеларија во судот од што е толку задоволен од реформираното судство.

А, Никола Груевски пак, откао ја напушти Илинденска е се поразочаран од судиите кои нели, судеа „по закон и устав“ сега смениле страна и слушаат политички наредби.

Ма не бре, се сменија само улогите на Заев и Груевски, судиите се исти. И во тоа време сегашната фаворитка за апелација имаше желба да биде Врховен судија, а сега има амбиција да ја унапредат бар до шеф на апелација.Значи, важно е само адресата да биде Илинденска!

Затоа, намалете со емоциите. Судството не само што не се подобри, туку и се влоши. Но, за тоа во друга прилика. Сега само за тврдењето за „реформиран суд и немање докази“.

Се си имаше и докази и дело, но се нема храброст да не се суди по звучност на имињата и функциите! Ем з`ш така, би прашале охриѓани?! Е, з`ш така ТРЕБИТ! Па кај се видело премиерот да биде осуден, а лидерот на опозицијата ослободен. Па тоа го нема ни на филмови. Затоа, нека не се чуди ниту Груевски, ниту пак Заев да се фали.  Доволно видовме што направија или прават и едниот и другиот. За сите судството не чини кога се во опозиција, но ја фатат ли власта, одма се изреформираа и тоа за само 9 месеци.

Ако некој ги сретне спроведените реформи од Планот 3-6=9 се моли да ги врати на прав пат. Во спротивно, Заев ќе биде ослободен, Груевски осуден, а ние заробени во нивното судството, кое цвета само во корист на власта, кога, било која власт е на власт!

Автор: Сведок www.svedok.org.mk

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.