Заев: Не е точно дека имаме прелиминарен договор со ДУИ

304

Прелиминарен договор за парламентарно мнозинство и формирање на нова Влада меѓу СДСМ и ДУИ сè уште нема, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за Телма.

Заев во изјава за телевизијата повика на воздржаност и разбирање кога станува збор за преговорите за мнозинство и Влада, средбите на работните групи и на лидерите на партиите.

„Јас молам за разбирање. Навистина е потребно. Не е точно дека имаме прелиминарен договор“, вели Заев.

.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.