Заев: Не е утврдено референдумското прашање – Членовите на ДИК ќе се утврдуваат до крајот на неделава

До крајот на неделата, собраниската комисија за избори и именувања да  ги именува членовите на Државната изборна комисија – рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за време на работната посета на Прилеп.

Според него не се знае референдумското прашање кое дополнително ќе се утврдува со политичките чинители и со граѓанскиот сектор. Референдумот според премиерот ќе биде консултативен или обврзувачки, но во секој случај резултатот ќе биде задолжителен.