Заев не ги негираше тврдењата дека Хан е пристрасен

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во синоќешното гостување во емисијата „360 степени“ на Алсат-М телевизија не ги негираше тврдењата дека еврокомесарот Јоханес Хан бил пристрасен или дека бил поткупен, како што претходно тврдеа тој и дел од неговите советници и поддржувачи.

Заев запрашан токму за наводната пристрасност на Хан не ги негираше ваквите тврдења.

Лидерот на опозиционерите рече дека не можел Хан да го сруши еден од неговите најсилни аргументи, а тоа дека изборите во 2014 година биле нефер и недемократски, наспорти тврдењата на еврокомесарот.

-Кога кажа дека позитивен бил извештајот на ОБСЕ и ОДИХР во 2014-та, реагиравме веднаш во истиот момент. Тоа ми е еден од најсилните аргументи во преговорите. Како може тој да ми го уништи со невнимателна изјава, рече Заев.

Инаку, СДСМ и нејзините поддржувачи настапија со остри неосновани критики кон Хан веднаш по неговата изјава во Вашингтон.

Опозицијата обвинуваше и ширеше ггласини за наводна пристрасност на еврокомесарот во корист на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Веднаш по изјавата на Хан кон нападите се приклучи и директно Заев. Тој на прес-конференција во која првично објави дека нема да присуствуваат на преговорите во Брисел.

-Изјавата во Вашингтон на Јоханес Хан, комесарот за проширување на ЕУ, содржи елементи на пристрасност и е несоодветна во подготвителен период пред одлучувачката средба во Брисел. Зачудува оценката на еврокомесарот Хан за генерално позитивни извештаи од набљудувачката мисија на ОБСЕ за последните изборни циклуси во Македонија, рече Заев.

Во острите напади кон Заев веднаш се приклучи најтесната соросова клика предводена од главниот опозициски стратег Бранко Героски и Љубомир Фрчкоски, како и други опозициски поддржувачи кои отворено тврдеа дури и дека еврокомесарот бил поткупен.

Напаѓајќи го Хан, Героски на неговиот портал Плусинфо, пишуваше дека преговорите се минирани и дека еврокомесарот Хан “говори се најдобро за режимот на премиерот Груевски, а се обидува да го „превесла“ СДСМ“.

И новинарот близок до СДСМ Бранко Тричковски, исто така се приклучи на острите критики кон Хан.

-Тоа не е слободна зона на неговите уверувања, туку зона на кршење на сите начела и прописи на организацијата што го избрала, сè до зоната на кривичната одговорност за соучесништво и помагање во најтешките форми на криминал!, пишуваше Тричковски.

Обвинувањата на опозицијата кон Хан стигна доттаму што дури некои нејзини поддржувачи тврдеа дека Хан можеби бил поткупен. Таков беше примерот со соросовиот активист, актерката Синоличка Трпоковска, која обвини дека можно е комесарот Јоханес Хан да е поткупен.

-Нема да ја исклучам можноста дека Хан би можел да биде “(пот)купен”.

Наспроти ова, Европската комисија излезе со жестока реакција за Обвинувањата од опозицијата и СДСМ, порачувајќи дека политичките лидери треба да се фокусираат на постигнување финален договор затоа што вперувањето прст кон комесарот не им помага и уште полошо- не и помага на земјата.

Во својата реакција ЕК велеше дека секое обвинување кое ја доведува во прашање непристрасноста на комесарот Хан и неговите напори да ги олесни разговорите кои треба да дојдат до решение на кризата се целосен нонсенс и немаат никаква основа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.