Заев не гледа причини за одложување на пописот

19

Премиерот Зораан Заев денеска изјави дека не гледа никакви причини за одложување на пописот што е најавен за април годинава. Очекува на почетокот на неделата претседателот на државата Стево Пендаровски дека ќе го потпише указот за Законот за попис, а во однос ставот на опозоцијата смета дека му е драго што повеќе не го слуша повикот за бојкот и потсетува дека ВМРО-ДПМНЕ нема потреба да собира потписи, бидејќи само еден пратеник може да поднесе нов или измена на друг закон.

-Апсолутно. Не гледам ниту промил за негово одложување, за негово неспроведување, насекаде па и кај нас, а кај нас уште повеќе бидејќи немаме попис во последите десет години. Мене ми е драго што претседателот на државата уште еднаш со експерти, со едно непристрасно око да се види, да не испадне власта тврди едно, опозицијата, мал дел, македонската опозиција, условно кажано тврди друго заради тоа албанската опозиција гласаше за законот. Тоа ќе биде уште еден коректив. И претседателот Пендаровски ќе соопшти, веројатно почетокот на наредната недела, веќе за неговиот став. Тоа е будното око на претседателот потпишувајќи укази за секој закон, а не па за вака многу значајни закони – рече Заев.

Премиерот, кој беше на поставување камен темелник на спортска сала на училиште во Стајковци, искажа убедување дека ги знае одговорите што ќе ги добие Пендаровски „во делот на неговото информирање од директорот и заменик директорот на Дражавниот завод за статистика“.

-Како што ме информираа мене како Претседател на Влада така го информираа и претседателот. Апсолутно, комплетно и стопроцентно е по Евростат, по меѓународните стандарди. Верувам дека на сите им е јасно колку е значајна оваа статитичка операција и колку ни е голема должност на сите нас граѓаните да се вградиме во нејзиното спроведување – рече Заев.

Пописот трае до 21 април, потсети тој, истовремено изразуваќи задоволство што во опозицијата, како што рече, не го гледа зборот за бојкот, туку тие зборуваат непризнавање на реултатите или слично.

-Да терате некого на бојкот е терање да го крши законот. Кој ќе им плати казна на граѓаните – рече Заев.

Премиерот рече дека опозицијата нема потреба ниту да собира потписи бидејќи само еден пратеник може да поднесе закон за поништување на Законот за попис.

-Само еден пратеник, а ВМРО-ДПМНЕ е голема партија, има 44 пратеници, може да понесе нов закон или измени и дополнување на закон или што било затоа не се потребни никакви манипулации или фарси за собирање на потписи, и на крајот на денот уште еднаш кажувам треба да се растеретиме од оваа статистичка операција побрзо, која е потребна пред се за економски цели, стратегии, рамномерен развој – изјави Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.