Заев не поднесува оставка, избори напролет

Зоран Заев нема да се повлече од премиерската функција веднаш, како што неофицијално се најавуваше. Она што ќе го соопшти во обраќањето, како што се дознава од партиски извори е дека останува на функцијата и дека во договор со опозицијата ќе се оди на предвремени парламентарни избори во март следната година.

Ова би значело дека согласно Изборниот законик Заев кон декември би требало да се повлече од премиерската фотелја и да се формира техничка влада во која дел од министерските позиции ќе ги заземе ВМРО ДПМНЕ.