Заев: Не посакувам до 15 септември да не се донесе законот за обвинителството

Целта е да бидеме одговорни политичари да покажеме консензус на дебатата, да не се нарушат црените линии во владеењео на правото, јас не посакувам ако до 15 септември не се донесе законот за обвинителството, а тогаш заршува мандатот на шефот на СЈО земјата да биде ставена во непријатна сиуација, порача премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со Филип Рикер, в.д. помошник државниот секретар на САД за Европа и Евро-Азија.

– Државата ќе биде во непријатна состојба да изнајде непоскувани начини. Ќе мора лидерски средби да се одржуваат, да доаѓаат посредници и експерти, државата ќе мора да го најде начинот за да продолжи да работи. Целта е да бидеме одговорни политичари и да седнеме сите да се договориме – рече Заев

Тој изрази надеж дека во октомври ќе стигне долгоочекуваната одлука за датум за преговори со ЕУ, а на средбата со Рикер освен за досегашната соработка со САД, како што рече Заев, станало збор и за членството во НАТО и ЕУ, за евроатланските интеграции на земјата како и за новиот закон за јавното обвинителство со кој треба да се регулира идниот статус на СЈО, за кој прмиерот повтори дека се отворени и за соработка со опозицијата.