Заев нема легитимитет да влегува во процес на уставни измени

Премиерот Зоран Заев нема никаков легитимитет да влегува во процес на уставни измени, откако Договорот од Преспа за промена на уствното име на Република Македонија е правно и политички мртов поради фактот што огромно мнозинство од македонските граѓаните не го прифатија, исткана во средата членот на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски во вечерашното гостување во Алфа телевизија.

Ѓорѓиевски напомена дека повеќе од 1,2 милиони граѓани во Република Македонија го негираат овој договор и истиот не го прифаќаат.

„Прво треба да се земе во предвид дека Зоран Заев нема легитимитет да влегува во ваков процес на уставни измени. Од друга страна, по 30-ти септември денот на изјаснувањето на нашите граѓаните на референдумот, овој договор кој што Зоран Заев во стилот на ‘уан мен шоу’ го склучи со нашиот јужен сосед е правно и политички мртов и како таков истиот не наиде на прифаќање на мнозинството граѓаните во Република Македонија. Ние знаеме дека мнозинството граѓани, поточно над 1,2 милиони граѓаните на Република Македонија го негираат овој договор, истиот не го прифатија и како таков, повторно ќе повторам Зоран Заев нема легитимитет после јасниот сигнал на 30-ти септември да влегува во некоја игра што ќе значи обид за вршење на уставни измени во Република Македонија“, истакна Ѓорѓиевски.