Заев нема морален и етички кредибилитет да зборува за повисоки плати во приватниот сектор

ОВОЈ ЧОВЕК НЕМА НИКАКОВ МОРАЛЕН И ЕТИЧКИ КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР!

Каква иронија! Човекот чии фирми остваруваат милионски профити на грбот на работниците кои земаат минимални плати, ги повикува другите бизнисмени во државата да исплаќаат повисоки плати. Тоа само ги потврдува неговите неморални и лажни вредности. Тој како бизнисмен ги експлоатира работниците за поголем профит, а како политичар глуми добронамерност и грижа за рабитниците.

Го повикуваме премиерот Заев пред да ги повика другите бизнисмени да ја зголемат платата на работниците, да му се обрати на брат му Вице, братучед му Трајче, бизнис партнерот Горан и целиот свој клан да го сторат тоа.