Заев непресушен извор на лаги и амнестија за најголемите криминалци

Единствениот кој треба да се плаши од опозицијата е лидерот на социјалдемократите Зоран Заев, поради тоа што со неговото брутално владеење ги амнестираше најголемите криминалци и го поттикнуваше организраниот криминал, порача од митингот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, нејзиниот лидер Христијан Мицкоски.

„И при една ваква поставеност на работите, овој истиот Заев одовде, на маршот кој го правеше им порача на судиите не се плашете од Мицковски. Јас би рекол познато ни е дека овој човек не знае што зборува и е непресушен извор на гафови ама замислете судиите да не се плашеле од мене, и ова ги предупредува човеков што е на власт три години и владее брутално, човекот кој викаше дека (загинатиот во сообраќајна несреќа пред пет години новинар Никола) Младенов бил убиен, а за децата на Смилковско езеро има други убијци и така сѐ додека не ги ослободи веќе осудените, човекот кој Диво Насеље го спореди со игра камај и ги остава терористите да се гоштеваат по затворите како да се холивудски звезди, човекот кој слава стекнуваше на страшното убиство на Нешковски за да после да се слика со убиецот и да го пушти да избега. Таков ли монструм ќе објаснува на судот да не се плаши од мене кој цел живот со книга и пот се пробивав. Единствен што треба да се плаши е тој. Зашто многу се огреши. А во животот има карма ние ја викаме Божја промисла. И сѐ се враќа, сѐ се плаќа“, рече Мицкоски.

Лидерот на опозицијата притоа реторички запраша кој одговарал изминатите три години откако СДСМ е на власт, по годините кампања кои ги водеше Заев, и посочи дека иако се случил многу криминал во овој период е амнестиран и никој не одговорал.

„И да бидам прецизен и јасен, и сакам јасно да разбијам една лага која ја шират медиумските слуги на власта, јас сум за апсолутна правда, и сакам јасно да подвлечам, многу јасно да соопштам дека не сме сите исти. Не сме сите исти, затоа што ниту денес, а ниту утре кога граѓаните ќе ни дадат мандат нема на памет да ми падне да се мешам во судската власт. Ниту да попречам правда за било кого, било да е член на ВМРО или СДСМ. Ама ќе има одговорност, тоа мора да има. И еве тука седам пред вас неколку илјади, а и тие што во домовите, ви ветувам, одговорност за криминалите мора да има.